Искуствата од берзанската котација на „Алкалоид“ АД Скопје и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на компанијата ќе бидат тема на ексклузивното интервју на сцена меѓу генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев, кое ќе се одржи во рамките на 25. Годишната конференција на Македонската берза.
Ексклузивниот разговор ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, на искуствата поврзани со долгогодишната берзанска котација, како и на идните развојни перспективи на компанијата.
Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да слушнат кои фактори биле клучни за стабилниот раст, довербата на инвеститорите и позиционирањето на „Алкалоид“ како една од водечките домашни „blue chip“ компании.
Дискусијата ќе понуди и поширок осврт на актуелната состојба и перспективите на македонскиот пазар на капитал.
Јубилејната 25 годишна конференција на Македонската берза ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.
Агендата за настанот е можете да ја погледнете тука.





















