Компанијата „Актива“-Штип искористи дел од средствата од унгарскиот заем, кои ги инвестираше во нов производствен капацитет. По тој повод денеска во посета на „Актива“-Штип беа претседателот на Владата Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Главниот оперативен директор на „Актива“, Зоран Илиевски истакна дека инвестицијата е околу 12 милиони евра, од кои дел се од средствата од унгарскиот заем, кои ги овозможи Владата и дел сопствени средства, а како што рече ова им овозможува да се етаблираат на пазарот, со сопствен финален производ и производ со додадена вредност мехатроника.

За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови поразводни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“, изјави премиерот Мицковски.

Според Илиевски, новата инвестиција значи и зголемување на извозот.
Сето тоа како пакет ни овозможува да го зголемиме сопствениот извоз, односно бројките покажуваат дека оваа инвестиција која се направи во 2025 година веќе во вкупен извоз имаме 300% зголемено на продуктите кои што ги извезуваме не само на Европскиот, туку и на пазарите на Блискиот Исток и Африка. Така да со оваа инвестиција „Актива“ направи исчекор напредЌ, вели Илиевски.

Актива произведува делови за автобуси, како и колички за транспорт на аеродромите низ светот има 580 вработени.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

Зоран Илиевски, АКТИВА: Семејниот бизнис се гради со визија, преземање ризици и со инвестиции