Македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“, во соработка со дизајнерското студио Swithadot на познатиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски, лансира нова линија премиум производи за нега на патики – PRODUCTS.™.
“Создадена по години развој и тестирање, професионалната линија за нега на патики PRODUCTS носи три брзи и ефикасни решенија за чистење и за освежување на патиките, со цел чист изглед и подолг животен век. Производите се развиени со внимание спрема деталите – од формулацијата и ефикасноста до препознатливиот изглед и мирис – за да понудат современо решение за одржување и нега на патиките”, велат од “Алкалоид”.
Линијата PRODUCTS.™ содржи марамчиња за целосно чистење, специјализирани марамчиња за ѓон и пена за целосен третман со максимален, а брз ефект на чистење и обновување на обувките.
Благодарение на знаењето на врвните експерти и на дизајнот од Swithadot – премиум студио кое во своето портфолио вклучува над 400 од најпознатите јавни лица – ова е избор тестиран од sneakerheads и од колекционери низ светот.
Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и неговото студио Swithadot се познати по изработка на персонализирани, уникатни и рачно насликани патики за голем број светски и регионални ѕвезди, меѓу кои Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и уште неколку стотици други спортисти, музичари, актери и други.
Компанијата Swithadot е единствена во светот што изработува уникатно дизајнирани, персонализирани и рачно изработени обувки.



























