Индустриското производство во Македонија во јуни годинава е зголемено за 6,5% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Растот на индустриското производство во јуни се должи на поголемото производство во преработувачката индустрија, додека производството на електрична енергија и рударството забележаа пад.
Во споредба со јуни минатата година, преработувачката индустрија пораснала за 7,9%, додека рударството и вадењето камен забележале намалување од 3,8%, а снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 8,2%.
Индексот на индустриското производство за периодот јануари – јуни 2026 година изнесува 100,9, што укажува на умерен раст во однос на истиот период лани.
Растот на преработувачката индустрија е резултат на повисокото производство во повеќе извозно ориентирани гранки, меѓу кои:
- производство на пијалаци +11,7%;
- производство на тутунски производи +11,8%;
- производство на хемикалии и хемиски производи +6,9%;
- производство на други неметални минерални производи +35,6%;
- производство на метали +11,4%;
- производство на фабрикувани метални производи +10,7%;
- производство на електрична опрема +3,8%;
- производство на моторни возила, приколки и полуприколки +15,9%;
- производство на мебел +19,5%.
Најголем придонес кон вкупниот раст имаат:
- –производството на други неметални минерални производи, кое е зголемено за 35,6%;
- –производството на моторни возила, приколки и полуприколки, со раст од 15,9%;
Според податоците од Државниот завод за статистика, намалување на производството во јуни имало во следниве индустриски гранки:
-производство на машини и уреди -11,1%
-производство на облека -8,2%
-производство на кожа и слични производи од кожа -6,8%
-производство на производи од гума и пластични маси -5,2%
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
Македонската преработувачка индустрија лани изгубила 6.250 работници
























