Германската автомобилска групација Daimler AG објави дека го ограничава производството на својата премиум марка автомобили Mercedes-Benz во три фабрика во Германија и привремено го сопира производството во фабриката во Унгарија заради недостиг на полупроводници, објавува Automotive News Europe.

Производителот на автомобили вовел краткорочна работа за вработените во погоните на Mercedes во Синделфинген, Растат и Бремен во Германија.
Во Расат производството ќе биде намалено до крајот на следната недела, додека во другите две германски фабрики мерките ќе продолжат до крајот на неделата.

Фабриката Кецкемет во Унгарија ќе престане со производство на три недели, до средината на август.

Daimler објави дека не може да даде јасна проценки за тоа до кога ќе трае недостигот на полупроводници и компоненти.

„Ситуацијата е сè уште нестабилна и ние постојано проценуваме што тоа значи за производството на Mercedes-Benz“, изјавува за Automotive News Europe портпаролката на Daimler.

Во Синделфинген производството е сопрено само во некои зони и автомобилскиот концерн ќе продолжи да ги произведува своите луксузни модели со висока маржа S-Class, Mercedes-Maybach S-Class и целосно електричниот ЕQS.

„Електричната офанзива на Mercedes-EQ останува основен приоритет“, потенцираат од Daimler.

BMW исто така соопшти дека го намалува производството во Германија заради проблемот со чипови и воведува еднонеделен одмор за работниците. Заради проблемот со чиповите, BMW соопшти дека нема да можат да бидат произведени 4.000 автомобили.

Европскиот автомобилски лидер Volkswagen предупреди минатата недела дека  очекува штетите од недостигот на чипове на глобален план да изнесуваат шестоцифрен број на непроизведени автомобили во првата половина годинава.

Извор: Automotive News Europe