Трошењата за ИТ во 2020 година ќе достигнат 3.890 милијарди долари, а растот во најголем дел ќе се базира на зголемените трошења за деловен софтвер заради потребата за поголема заштита на технологиите, како и на поголемите трошења за claud услуги.
Светската истражувачка компанија Gartner објави дека трошењата за Инфортматички технологии (IT) во светот во 2020 година ќе достигнат 3.890 милијарди долари, што е раст од 3,7% во споредба со 2019 година.
Компанијата проценува дека растот ќе продолжи и во 2021 година, за кога е предвиден раст на ИТ трошењата на светско ниво за 3,8%.
Според истражувањето на Gartner, трошоците за деловен софтвер продолжуваат да имаат најголем пораст. Комплексноста на моменталниот геополитички контекст во голема мерка го објаснува овој значителен пораст, при што компаниите ја зајакнуваат заштитата на нивната информатичка технологија.
Според Gartner, трошењата за безбедност бележат раст за 10,5% во 2019 година, а во следните пет години трошењата за поголема безбедност се проценува дека ќе се зголемат за 41,2 %.
Во исто време, компаниите постојано се принудени да ги ажурираат постојните софтвери за да ги почитуваат царините и трговската политика, правата на интелектуална сопственост и законите за приватност.
По особено мрачната 2019 година, во која трошењата за хардвер се намалија за 5,3%, Gartner проценува секторот за хардвер да се врати на скромен раст, од 1,2% во 2020 година.
Ова е најнизок растот на пазарот за ИТ трошења, проследен со трошењата за комуникација, кои имаа пад од 1,1% во 2019 година, а се проценува во 2020 година да имаат стапка на раст од 1,5%.
Истражувањето на Gartner покажува и дека добар дел од зголемувањето на трошењата за ИТ на глобално ниво се поврзани со развојот на користење на claud услуги. При тоа, Американците се далеку пред останатиот дел од светот во однос на примена и усвојување на claoud услугите. Повеќе од половина од трошоците за claud ќе бидат направени воСАД. По нив следи Велика Британија. Но, ова рангирање би можело да се промени прилично брзо ако се знае дека Кина е меѓу земјите кои последниве години најмногу трошат за claud услуги.
Сепак, Gartner предвидува дека нивото на трошење за claud во Кина нема да ги достигне трошењата во САД до 2023 година.