Со мнозинскиот удел во Quehenberger Logistics, Geis Group има намера да ја прошири својата позиција во југоисточна Европа.
Германската логистичка групација Geis се стекна со 66% мнозински удел во логистичката компанија Quehenberger Logistics (Augustin Quehenberger Group GmbH) . Останатите 34 % ќе ги држи претходниот мнозински сопственик Кристијан Фирсталер – кој ќе продолжи да го води бизнисот, се вели во заедничкото соопштение на двете компании.
Логистичките компании Geis и Quehenberger се надополнуваат во однос на географијата и перформансите. Двете компании се активни во сродни деловни области, но во различни земји. Покрај основните пазари на Германија и Австрија, групата компании го консолидира своето присуство особено во Централна и Југоисточна Европа.
Логистичките услуги што новата групација ќе им ги нуди на клиентите се движат од патен товарен транспорт и договорна логистика до воздушен и морски товар – вклучувајќи ги и индустриските мрежи и други софистицирани индустриски решенија.
Со околу 10.000 вработени на 200 локации во 13 земји и обрт од околу две милијарди евра, новата групација станува водечки логистички играч на пазарите каде што е присутна.
Од преземањето се исклучени подружниците на Quehenberger во Русија, Белорусија, Казахстан и Украина. Овие компании беа отцепени од Групацијата Аугустин Квинбергер во посебна холдинг компанија, CF Logistics GmbH, во 2022 година.
Сакаме активно да ги искористиме интересните можности за раст на пазарот во Југоисточна Европа, велат Ханс-Волфганг Геис и Јохен Геис, менаџерски партнери на Групацијата Геис.
Со купувањето на акциите на Quehenberger, Geis Group направи голем чекор напред во својата стратегија за постигнување брз раст не само на пазарите што ги опслужуваше досега, туку и низ Југоисточна Европа.
Според информациите од официјалната веб-страница на компанијата, Geis не е присутен во земјите од Југоисточна Европа. Quehenberger, меѓу другите, има филијали во Хрватска, Бугарија, Романија и Македонија.