Осигурителната компанија GRAWE го одбележа отворањето на новите простории на секторот за пријава, обработка и исплата на штети, со цел унапредување на условите за работа и обезбедување побрза и поквалитетна услуга за клиентите.

„Нови простории, исти вредности“ е пораката со која GRAWE го одбележува новиот почеток, нагласувајќи дека и понатаму останува посветена на доверба, сигурност и квалитетна услуга за своите клиенти.

Oд 27 мај 2026 година Секторот за пријава, обработка и исплата на штети работи на нова локација во Скопје. За сите услуги поврзани со пријава, евиденција, обработка и исплата на штети, клиентите ќе можат да се обратат на адресата: Ул. „8-Ми Септември“ бр.16, Карпош – приземје (зграда Хипериум), Скопје.

Од компанијата додаваат дека тимот останува фокусиран на професионално, навремено и ефикасно постапување по сите барања на осигурениците.