Очекувањата за извоз во преработувачкиот сектор на најголемата економија во Европа се зголемија во јули, при што автомобилската индустрија има најдобри очекувања, велат од германскиот Институт Ifo.
Автомобилската индустрија, која беше најтешко погодена од пандемијата и која е лидер на германската извозно ориентирана економија, мораше целосно да го стопира производството во некои фабрики, што птрдизвика голем удар врз работењето. Овој шок следуваше по претходните проблеми со кои индустријата се соочува заради преминот од атомобили со внатрешно согорување кон електрични возила.
Институтот Ifo соопшти дека индексот кој ги следи очекувањата за извоз во производниот сектор се искачи на 6,9 поени во јули од -2,2 претходниот месец мај, благодарение на економското закрепнување во многу земји.
„Внимателниот оптимизам се шири меѓу германските извозници“, рече Ифо.
„Автомобилскиот сектор е еден од најголемите победници. После неколку многу тешки месеци, извозниците очекуваат закрепнување“.
Минатата недела Дајмлер објави дека се опоравува побарувачката за луксузните модели на Mercedes-Benz и електричните возила, Volkswagen соопшти дека очекува мал раст во премиум сегментот на автомобили во Кина оваа година.
BMW исто така објави повисока продажба во втор квартал во Кина.
Во понеделникот, месечното истражување спроведено од Ифо покажа дека бизнис расположението продолжи да се опоравува во јули од неговиот најголем децениски пад, со очекувања од компаниите економијата да се врати од шокот на коронавирусот, доколку не се случи втор голем бран на инфекции.
Како и да е, германската економија се очекува да има двоцифрен пад во вториот квартал, односно во периодот април-јуни, кога имаше целопсен застој во економијата заради пандемијата.
Според Ifo хемиските и електронските компании имаат поголеми очекувања за нивните перспективи за извоз на стоки во странство, додека машинската иднустрија има помалку песимистички очекувања иако продажбата не се очекува да расте.
“Сигналите се дека германската економија почнува да закрепнува и тој процес се очекува да продолжи и во втората половина на годината, поддржано од мерките за фискални стимулации од владата, воведени како одговор на појава на коронавирус” информираа од германската централна банка Бундесбанк, која исто така очекува глобалното забавување на трговијата поврзано со пандемијата да го намали суфицитот во тековната сметка на земјата на околу 5% од БДП, што е намалување за повеќе од 7% во споредба со минатата година.