Стартот на 2026 донесе значителен пад во индустриското производство во Македонија, особено во преработувачката индустрија, што упатува на заклучок дека македонската индустрија се соочува со сериозни предизвици.

Индустриското производство во јануари 2026 година бележи пад од 6,6% во споредба со истиот месец од 2025 година.
Преработувачката индустрија бележи опаѓање од 8,0%, додека во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пораст од 2,8%. Индустриското производство во секторот „Рударство и вадење камен“ во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи пораст од 2,5%.


Преработувачка индустрија – пад во повеќе гранки

Падот во преработувачката индустрија, која создава над 80% од индустриското производство во земјава, укажува дека најголем дел од индустријата го намалила производството во јануари годинава.
Од 23 индустриски гранки во преработувачката индустрија, кај 16 е забележан пад на производството, додека зголемување има само кај 4 индустрии.
Производството на текстил, метали, фармацетски производи, машини и уреди бележат двоцифрени падови на производството во јануари. Намаленото индустриско производство во некои клучни индустрии во јанаури годинава има негативно влијание и врз извозот, при што статистиката покажа пад на извозот од 8,3% во јануари годинава.

Статистичките податоци покажуваат пад на производството во следниве индустрии:

  • Производство на облека: -19,3%
  • Фармацевтски производи: -19%
  • Фабрикувани метали: -18,8%
  • Производство на текстил: -18,2%
  • Производство на метали: -17,7%
  • Машини и уреди: -16%
  • Производи од гума и пластика: -12,2%
  • Хемикалии и хемиски производи: -5,6%
  • Производство на кожа и производи од кожа: -5,4%
  • Производство на електрична опрема: -4%
  • Моторни возила и приколки: -3,1%

Раст на производството во јануари 2026 година е забележан кај:

  • Тутунски производи: +20,1%
  • Преработка на дрво и производи од дрво и плута: +31,2%
  • Други неметални минерални производи: +2,6%
  • Компјутерски, електронски и оптички производи: +11,9%
  • Прехранбени производи: +0,3%
  • Мебел: +0,1%

ПОВРЗАНИ НАПИСИ:


Пад на извозот од 8,3% во јануари – голем пад кај извозот во соседните земји и клучните индустрии