Најголемата компанија за поморски транспорт Mediterranean Shipping Company (MSC) најави развој на ново решение MSC Air Cargo. Компанијата вели дека овој потег е одговор на побарувачката на клиентите и ќе ги надополни нејзините решенија за транспорт со контејнери.
MSC Air Cargo е во развој веќе неколку месеци. Новото решение ќе биде достапно од почетокот на 2023 година, по испораката на првиот од четирите авиони Boeing 777-200F означени со MSC, кои ќе бидат управувани од Atlas Air, додаде компанијата.
MSC го назначи Jannie Davel, порано од Delta Cargo, Emirates SkyCargo и DHL да го развие својот бизнис со воздушно карго и да го изгради тимот што ќе го спроведе.
„Среќни сме да го објавиме развојот на MSC Air Cargo. Ова е наш прв чекор кон овој пазар и планираме да продолжиме да истражуваме различни начини за развој на воздушниот товар на начин што ќе ја надополни нашата основна дејност на транспортот со контејнери“, рече главниот извршен директор на MSC, Сорен Тофт, коментирајќи ја новата иницијатива.
Сите услуги на компанијата MSC се присутни и за македонските клиенти преку компанијата МСЦ Скопје, која нуди различни услуги за транспорт на стоки низ Европа и светот.