Поморскиот транспорт e одлична можност за транспортирање стоки на пократки релации по поморски пат, со што се намалуваат трошоците за транспорт, како и емисијата на јаглерод диоксид која се испушта во воздухот како дел од процесот.
Со повеќедецениското искуство, светскиот лидер во поморскиот транспорт и логистика MSC (Mediterranean Shipping Company) раководи со сопствена посветена мрежа распространета низ Медитеранот и Северна Европа, нудејќи чести испловувања и фидер услуги, како и соодветни интермодални услуги преку пат и железница, со што се обезбедува комплетна поддршка на фирмите за транспортирање на стоки од врата до врата ширум Европа.
Kако дополнителни придобивки од користењето на поморскиот транспорт на кратките релации се и избегнувањето метеж, зголемување на транспортниот капацитет, флексибилност и безбедност на стоките при транспорт од врата-до-врата во затворени и заклучени бродски контејнери.
“Ние во МСЦ Скопје сме целосно запознаени со специфичните транспортни барања на клиентите во Северна Македонија и постојано инвестираме во нашите интермодални капацитети со цел да овозможиме сигурна, исплатлива алтернатива на камионскиот транспорт. Нашите клиенти имаат придобивка од одличната покриеност на пристаништата во Европа и честите директни пловидби преку пристаништето во Солун (на пр. Ротердам, Антверпен, Синес), поддржани од најшироката мрежа на интермодални решенија на континентот. Дополнително , нашиот стручен тим обезбедува поддршка од врата до врата и создава решенија прилагодени токму на потребите на нашите клиенти”, вели Сања Радовановиќ, генерален директор на МСЦ Скопје.
За повеќе информации, посетете ја страната на МСЦ за поморски транспорт на кратки реалации низ Европа European & Short Sea Network | MSC.