Виктор Мизо избран за претседател на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори
Виктор Мизо избран за претседател на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори

На 20 ноември 2025 година, во Скопје се одржа редовното Собрание на Советот на странски инвеститори, на кое компаниите-членки дискутираа за приоритетите во унапредувањето на инвестициската клима во државата и соработката со институциите.

Еден од централните моменти на Собранието беше изборот на новиот Управен одбор, во кој влегоа претставници од различни индустрии, држави и компании лоцирани и внатре и надвор од технолошко-индустриските развојни зони.

За претседател на Управниот одбор повторно беше избран Виктор Мизо, додека за потпретседатели беа реизбрани Волфганг Маиер (ЕВН) и Паоло Босио (Вабтек).

Настанот беше збогатен со две гостински презентации. Првата ја одржа Berlin Economics – German Economic Team (GET), кои презентираа анализа на актуелната инвестициска клима во Северна Македонија и клучните предизвици што ги идентификуваат компаниите. Втората презентација беше од страна на International Finance Corporation (IFC), со фокус на можностите за финансирање инвестициски проекти во земјата, особено оние што ја поддржуваат одржливоста и технолошкиот развој.

Новиот состав на Управниот одбор на Советот ма странски инвеститори го сочинуваат:

• Волфганг Маиер, ЕВН

• Виктор Мизо, Костал Македонија

• Боријан Борозанов, Џонсон Мети

• Горан Марковиќ, Телеком

• Јохан Шееле, Антура

• Билјана Дескоска, Alliance One

• Хабил Мустафа, Чагатај Кабло

• Паоло Босио, Вабтек

• Георги Тренкоски, Кромберг и Шуберт

• Сашко Наков, Амфенол

• Константинос Николау, Усје

• Димитар Цветковски, Макстил

• Наташа Јовческа, ЛТХ Леарница

• Димче Нелоски, Joyson Safety Systems

• Санел Кустурица, Шпаркасе банка

На Собранието се водеше активна дискусија со учество на сите членови, со цел унапредување на поддршката за странските инвеститори, подобрување на бизнис и инвестициската клима во Македонија.

Извор: Стопанска комора