Најголемата македонска прехранбена компанија “Витаминка” со силен старт ја почнува јубилејната 70-те година од своето постоење. Компанијата објави дека работела со раст на приходите од продажба и успеала да ја задри профитабилноста и покрај бројните оредизвици и цеовни шокови со кои се соочуваат прехранбената индустрија.
„Витаминка“ објави дека во првото тромесечие од 2026 година остварила вкупни приходи од продажба во износ од 17 милиони евра, што претставува 14% раст во споредба со истиот период минатата година, покажува најновите неконсолидирани финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза.
Две третини од приходите, односно 60%, се остварени на домашниот пазар, каде што продажбата бележи раст од 7% и достигнала 10,2 милиони евра.
Извозот на Витаминка, односно продажбата на странските пазари, во првите три месеци од годинава бележи силен раст од 24%, достигнувајќи 6,7 милиони евра.
Оперативните расходи на „Витаминка“ во периодот јануари–март 2026 година се зголемени за 20%, достигнувајќи нешто над 17 милиони евра. Оперативната добивка во истиот период е зголемена за 7% и изнесува 508 илјади евра милиони евра. Нето-добивката на компанијата во првиот квартал годинава изнесува 225 илјади евра, што претставува раст од 1% во однос на истиот период лани.
Војната на Блискиот исток ги зголеми цените на клучните реприоматеријали
Витаминка во првиот квартал реализирала 77% од планираните вкупни приходи. Како главна причина ги наведуваат зголемените цени на одредени клучни репроматерјали, што создало дополнителен ценовен притисок врз формирањето на продажните цени на готовите производи на странските пазари предизвикани од воениот конфликт на Блискиот исток.
“Предложените повисоки продажни цени не беа целосно прифатени од одредени пазарни сегменти, особено на ценовно сензитивните пазари, што услови потреба од задржување на цените на пониско ниво со цел зачувување на пазарната позиција и долгорочните деловни односи”, велат од Витаминка.
Од компанијата потенцираат дека растот на приходите се должи на зголемената продажба на сончогледово масло за јадење на странските пазари, што делумно го амортизирало неисполнувањето на планираните проекции кај останатите производни категории.
Од Витаминка велат дека внимателно ги следат состојбите поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток. “Наш приоритет е навремено информирање и проценка на сите потенцијални ризици кои би можеле да имаат влијание врз нашето работење, партнерите и вработените. Во континуитет ги анализираме релевантните информации и сме подготвени да преземеме соодветни мерки со цел обезбедување стабилност и сигурност во деловните процеси”, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Витаминка започнува со имплементација на ESG – чекор поблиску до одржлива иднина



























