АТС Груп од С.Македонија е единствената компанија од земјава присутна како изложувач на саем во организација на Асоцијацијата на Армијата на САД – AUSA 2024 кој се одржува во Вашингтон, САД, а на кој изложуваат компании од над 80 земји од светот.

АУСА се одржува еднаш годишно и ги обединува на едно место производителите, највисоките претставници на американската армија, официјални делегации, експерти, истражувачи, инвеститори, како и новинари кои покриваат одбранбени и безбедносни прашања. AUSA е најзначајниот меѓународен саем од одбранбената индустрија на американскиот континент и секако еден од најзначајните и највлијателните во светски рамки.

Оваа година АТС ГРУП започна со производство технички текстил и во Вашингтон ги изложи своите нови производи АТС УД АРАМИД 230 и АТС УД АРАМИД 540 неопходни за изработка на поголем дел од балистичките производи, секако покрај веќе добро познатите свои производи и опрема од областа на балистиката.
Овој саем е одлична можност нашата групација повторно да докаже дека поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, како и професионален менаџмент кој ја претставува и раководи групацијата“,велат од АТС Груп.

AUSA 2024 се одржува во период на значителни тензии во светот, а истиот овозможува и создавање на нови партнерства, панел дискусии и семинари за релевантни безбедносни теми кои се од круцијално значење за креирање на одбранбени политики во светски рамки. АТС ГРУП како македонска компанија, на светската одбранбена мапа ја поставува и Северна Македонија како сериозен чинител кој е еднаков и со најголемите светски производители и професионалци во одбранбениот сектор.

АТС ГРУП е со седиште во Скопје и е корпорација составена од четири компании, од кои три во Скопје и една во Самоков со вкупно повеќе од 500 вработени и 40 годишно искуство. Групацијата работи исклучиво согласно највисоките светски стандарди, а произведуваме широк асортиман на производи, чиј квалитет е веќе препознатлив во светски рамки, за што говорат бројните награди и признанија.
АТС Груп се занимава со производство на композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција, како и целосни линии на машини за производство на муниција и технички текстил со што од година во година постојано го зголемува својот извозен капацитет и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.