Македонскиот бренд за храна „Mamas Food“ го рекламира својот најпознат производ — ајварот, во срцето на Менхетен, на Тајмс Сквер во Њујорк.
Брендот „Mamas Food“ нуди повеќе производи, меѓу кои се добро познатиот MAMA’S Ајвар, малиџано, салса, слатко од киви, слатко од смокви и ореви, корнишони, тавче-гравче и подварок.
Зад производите на овој македонски бренд стои компанијата „Тргопродукт“ од Струмица, која над 60% од своето производство го извезува на пазарите во Скандинавија, Германија, САД, Австралија, Канада и земјите од поширокото соседство. Тргопродукт е меѓу најголемие извозници од Македонија со извоз вреден околу 6,4 милиони евра во 2023 година.
Минатата година, на пазарот во САД биле продадени македонски прехранбени производи во вредност од 12,5 милиони евра, што претставува зголемување од 7,6% во споредба со 2023 година.
Најголем дел од извозот на храна во САД се прави со продажба на кондиторски производи и ајвар.