Владата утре ќе потпише Меморандум за соработка со американската компанија Бехтел Енка која ќе го гради Коридорот 8, соопшти вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил.
Груби појасни дека според договореното оваа градежна компанија ќе треба и да го гради автопатот долж овој коридор, односно делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан.
Коридотот 8 станува реалност. Ветувањата се исполнуваат , напиша Груби, кој денеска ја раководел седницата на Владата.
Вицепремиерот Груби минатиот месец најави можно вклучување на американската Бехтел на изградбата на Коридор 8, по средбата како што информираше со претседателот на компанијата одговорен за глобални политички и надворешни работи, Стјуарт Џонс.
Американско-турскиот конзорциум Бехтел Енка е ангажирана на изградба на многу автопати во Косово, Албанија, а неодамна изјавија интерес и за вложување во енерегтскиот сектор во Србија, поточно во ветерници, соларна енергија и хидроген.