Европската комисија ќе ги извести производителите на автомобили во среда дека привремено ќе применува дополнителни давачки до 25 % на увезените кинески електрични возила од следниот месец, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.
Аналитичарите претходно очекуваа царини од 10% до 25% за кинеските електрични возила, потег кој најверојатно ќе поттикне можна одмазда од Пекинг.
Прекумерните субвенции кои ги добиваат кинеските електрилни автомобили се причина за воведување на овие царини.
Помалку од еден месец откако Вашингтон четирикратно ги зголеми давачките за кинеските електрични возила на 100%, се очекуваше Брисел да постави далеку пониски царини за увоз од кинески производители.
Овој потег доаѓа кога европските производители на автомобили се соочуваат со предизвик од приливот на поевтини електрични возила од кинеските ривали.
Кина ја критикуваше ЕУ во врска со истрагата против субвенционирањето, повика на соработка и лобираше во поединечни земји на ЕУ, но не објасни целосно каков ќе биде нејзиниот одговор на царините.
Извор: Reuters