Царинските спорови и нарушените односи во меѓународните сојузи би можеле, според Европската централна банка (ЕЦБ), да претставуваат ризик за финансиската стабилност во Еврозоната.

Сè поизразените несогласувања околу трговскиот план и поврзаните ризици за економскиот раст влијаат врз изгледите за финансиска стабилност“, рече потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, сумирајќи ги наодите од полугодишниот извештај на банката за финансиската стабилност.
Ризикот од пад на економијата е зголемен, а берзите се уште се чувствителни на ненадејни и остри прилагодувања, особено со оглед на променливата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Од претседателските избори во САД минатата година, неизвесноста дополнително се зголеми, бидејќи новата американска влада го промени правецот во неколку области на политиката“, се вели во извештајот.

Трговските ограничувања и зголемувањето на царините веројатно ќе имаат слични ефекти, првенствено за извозно ориентираните компании во Европа.

Доколку тоа доведе до отпуштања, ЕЦБ верува дека ризикот би можел да се зголеми за банките во еврозоната, како и за фирмите кои нудат финансиски услуги, но немаат банкарска лиценца, бидејќи должниците би можеле да имаат проблеми со отплатата на долговите.

Огромните милијарди што Европа планира да ги инвестира во својата одбрана, исто така, не се без ризици.
И додека ваквите инвестиции имаат потенцијал да го поттикнат економскиот раст, повисоките трошоци за одбрана, заедно со други структурни предизвици како што се климатските промени, дигитализацијата и стареењето на населението, би можеле дополнително да ја влошат веќе затегнатата фискална состојба на некои влади од еврозоната“, предупреди ЕЦБ.