Светската асоцијација на одгледувачи на јаболка (WAPA) објави податоци за залихите на јаболка и круши од 1 јуни 2023 година. Податоците покажуваат дека залихите на јаболка и круши во Европа се намалени во споредба со 2022 година.

Заклучно со 1 јуни 2023 година, залихите на јаболка во Европа изнесуваат 712.212 тони, што е за 23,4% помалку од овој датум во 2022 година. Намалувањето главно се должи на намалувањето на залихите на следните сорти: Златен Делишес (-36,5%) , Ајдаред (-20,1%), Јонаголд (-44,7%), Гала (-22,7%), Фуџи (-67,5%) и Грени Смит (-23,8%). Залихите од Crips Pink се зголемија за 225,6%.

Залихите на круши во ЕУ изнесуваат 54.370 тони и се намалени за 25,4%.