Во периодот од јануари до август годинава, од Македонија биле извезени 20.500 тони кондиторски производи во вредност од 56,5 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Во споредба со истиот период минатата година, вредноста на извозот бележи пад од 5,8%, додека обемот на извезените производи е намален за 8%.

Кондиторските производи се извезувале во 60 земји ширум светот, при што на 16 пазари имало извоз поголем од 1 милион евра.

Најголеми извозни пазари за македонската кондиторска индустрија во седумте месеци од 2025 година биле Косово со извоз од 8,9 милиони евра, Романија – 6,2 милиони евра, Србија – 5,5 милиони евра, Хрватска – 5,1 милион евра, Босна и Херцеговина – 2,9 милиони евра, Бугарија – 2,6 милиони евра, Германија – 2,49 милиони евра, Унгарија – 2,3 милиони евра, Чешка – 2 милиони евра и Грција – 1,8 милиони евра.

Кои се најголемите извозни компании од кондиторската индустрија во Македонија прочитајте наскоро во новото издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2025.