ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023: Најдоброто од македонската економија
Специјализираниот портал ИзвозМК (www.izvoz.mk) го издаде најновото, четвртоо по ред, ексклузивно издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023, што е единствена публикација во земјата во која на едно место се рангирани најголемите 100 извозни компании во Р.С.Македонија, според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на странски пазари во изминатата 2022 година.
Специјалната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023 Изданието е посветено на најголемите извозни компании и индустрии во Македонија со мисија да ги промовира успешните извозни приказни, да ги сподели добрите извозни пракси и стратегии и да ја подигне свесноста кај јавноста и кај носителите на политики за важноста да се поддржи извозот и да се зголеми бројот на нови извозни компании и производи, како клучен предуслов за раст и развој на вака мала економија како македонската. Bо изданието Топ 100 Извозници 2023 може да прочитате и повеќе интервјуа со главните менаџери на водечките извозници од различни индустрии, колумни, предвидувања, како и понуди на производи и услуги од банки, логистички компании и финансиските институци кои во фокусот на своето работење ја имаат поддршката на извозните компании и се свесни колку е важен извозот за една економија.
Во годинешното издание ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023 уште едно специјално рангирање и прилог КОЈ Е КОЈ ВО ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА, посветен на клучните играчи на пазарот на транспортни, логистички и шпедитерски услуги. Во него се рангирани водечките компаниите кои остваруваат најголеми приходи на пазарот за транспорт и логистика во Македонија.
Нарачајте го својот примерок
Екслузивната годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ која излегува по четврт пат, во високвалитетен печат и модерен дизајн на 92 страници, на читателите им нуди рангирање на најуспешните извозни компании од Р.С.Македонија, рангирани според остварениот извоз, односно приходи од продажба на странски пазари во текот на 2022 година, како и остварените вкупни приходи на компаниите во истиот период. Ова е единствена публикација во земјата која ги рангира најголемите извозни компании и по одделни индустрии, кои истовремено се и најуспешни компании со најголем потенцијал за развој.
Примерок од новата едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ можете да нарачате на marketing@izvoz.mk или contact@izvoz.mk:
- 1 примерок Топ 100 Извозници ............................................ 800 денари
- 5 примероци Топ 100 Извозници ........................................ 3.000 денари
3 примероци од едиција
Топ 100 Извозници 2023, 2022 и 2021................................... 1.600 денари
За секој нарачан примерок, испораката е бесплатна до посочената адреса.