Македонското индустриско производство во јуни годинава бележи раст од 3,7% во споредба со јуни 2022 година, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. За периодот од јануари до јуни годинава, индустриското производство е поголемо за 1,5% во споредба со истиот период лани.

Податоците покажуваат дека производството во јуни годинава растело за 1,4 % во преработувачката индустрија, каде се создава дури 83% од целото индустриско производство. Но, за првите шест месеци има мал пад од 0,2%.

Во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2023 година, во однос на мај 2022 година, има раст од 1,6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во истиот месец имало раст на производството од 39,9 % во споредба со ланскиот јуни.

Податоците покажуваат подобрување на состојбата со производство на метали и преработки од метали. За прв пат после неколку месеци, во јуни има раст на производството на метали од 9,3%, додека производството на фабрикувани метални производи има раст од 53,5% во споредба со јуни минатата година.

 Раст  од 17,7% во јуни има и кај производството на хемиски производи, каде влегуваат производите на најголемата извозна компанија Џонсон Мети.

Производството на прехранбени производи, кој во вкупното индустриско производство учествува со 10,4%, бележи пад од 3,8% во јуни, односно -5,1% за периодот од јануари до јуни 2023 година.

Производството на фармацевтски производи во февруари бележи зголемување на производството во јуни од 10,9%,

Производството на електрична опрема, уште еден важен сектор со учество од 6,22% во вкупното индустриско производство, бележи пад од 12,3% во јуни.

Производството на машини и други уреди е помало за 2% во споредба со ланскиот јуни.