Инфлацијата ќе остане висока во светот во наредните години, под влијание на трговските тензии. Источна Европа, повеќе погодена од остатокот од континентот
Економистите ширум светот очекуваат инфлацијата да остане висока во наредните години, според најновото истражување на економски експерти, спроведено oд Институтот ifo.
За 2025 година, експертите проценуваат просечна глобална стапка на инфлација од 4%, во согласност со прогнозите од претходниот квартал. Во Германија, очекувањата за наредните години се стабилни, на 2,4% за 2025 година и 2,3% за 2026 и 2028 година.
„Очекувањата за инфлација се стабилизираа на високо ниво – и на краток и на среден рок“, вели истражувачот на ifo, Филип Хајл, кој нагласи дека трговските тензии и увозните царини се клучен фактор во овој развој.
И на подолг рок, изгледите остануваат високи: 3,9% во 2026 година и 3,7% во 2028 година на глобално ниво.
Сепак, регионалните разлики се очигледни. Во Западна Европа, прогнозата за 2025 година е само 1,8%, веднаш под целта на ЕЦБ од 2%, додека во Источна Европа и многу азиски земји, се очекува инфлацијата да достигне значително повисоки нивоа.
Во САД, економистите проценуваат зголемување на инфлацијата од 3,1% во 2025 година на 3,7% во 2026 година, развој што се припишува на царините што ги наметна американската влада врз увозот на многу производи од странство.
Највисоко ниво на инфлација оваа година ќе има во многу африкански земји, каде што во некои случаи може да надмине 20%.
1.340 економски експерти од 121 земја учествуваа во истражувањето на Ifo, спроведено помеѓу 17 јуни и 1 јули 2025 година.