ЦЕФТА Дополнителниот протокол 6 („АП6“) воспоставува рамка за либерализација на трговијата со услуги помеѓу ЦЕФТА Договорните Страни. Тој предвидува отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги, олеснување на пристапот на пазарот и елиминирање на дискриминацијата на странските компании од другите ЦЕФТА страни од страна на домашните.

АП6 Протоколот во Северна Македонија беше ратификуван на 9-ти Декември, 2020 со Законот број 291/2020

Зошто услуги?

Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45% од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на вредност се сè повеќе услужно интензивни.

Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги.

Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите, градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспорт.

Согласно АП6, бизнисите ќе имаат корист од гарантираниот пристап на пазарот и националниот третман кон другите ЦЕФТА земји, што претставува значителен чекор напред во регионалната соработка. АП6 е важен и за владите и за бизнисите бидејќи има за цел да ја зголеми ефикасноста на ресурсите, да промовира иновации и трансфер на технологија, да обезбеди пристап до поефикасни посреднички услуги, да ги намали цените, да ги прошири опциите на потрошувачите и, генерално, да ги олесни инвестициите и влезот на нови пазари.

Благодарение на ЦЕФТА АП6, бизнисите во rегионот може да :

-уживаат зголемен пристап до нови пазари, да го прошират опсегот на своето делување и да капитализираат врз основа на нивната конкурентна сила,

– изнајдат синергии и потенциjални партнерства со други компании и добавувачи од страните на ЦЕФТА.

-се запознаат со европските нивоа на либерализациjа на трговиjата со услуги и протокот на работната сила.

АП6 ја поставува основата за:

-дозволување на физички лица да вршат услуги на територијата на  страните.

-отстранување на бариерите во трговијата, како што се барањата за лиценцирање или професионалните квалификации.

-развивање на програми за взаемно признавање на документи и процедури меѓу Страните.

-елиминирање на деловните практики на добавувачите на услуги кои може да ја ограничат конкуренцијата и да ја ограничат трговијата со услуги.

-развивање на регионална електронска трговија,

-понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција и усогласување со регулаторната рамка на ЕУ.

За да дознаете повеќе за проектот ЦЕФТА АП6 – Поддршка за регионална интеграција, посетете ја: Support to regional economic integration | CEFTA и CEFTA – Support to regional integration | ITC (intracen.org)

Што е ЦЕФТА?

Договорни земји членки во ЦЕФТА се  Албанија, Босна и Херцеговина,  Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово.

Централноевропскиот договор за слободна трговија („ЦЕФТА“) е трговски договор кој има за цел:

-Да ја усогласи регулаторната рамка на нејзините Договорни Страни со оние на Европската унија („ЕУ“) и меѓународните стандарди,

– Да ja зајакне трговијата со стоки и услуги, преку елиминирање на трговските бариери меѓу Договорните Страни и привлекување инвестиции во регионот преку фер, стабилни и предвидливи трговски правила.