Во текот на 2022 година глобално биле извезени производи во вредност од 24,5 трилиони долари, што е зголемување од 10,6% во споредба со вредноста на извозот остварен во 2021 година, покажуваат податоците од Worldtopexports.
Кина останува на врвот како најголем извозник во светот, која во 2022 година продала стоки вредни 3,6 трилиони долари. Во периодот од 2012 година до 2021 година, вредноста на извозот на стоки од Кина во светот е двојно зголемена. Најголем извоз од Кина е направен со машини и транспортна опрема во вредност од 1,6 трилиони долари.
На второто место се САД со извезени стоки лани во вредност од 2,1 трилиони долари, а трет најголем извозник во светот е Германија со извоз вреден 1,7 трилиони долари.
Следат Холандија со извоз на стоки вреден 770 милијарди долари, Јапонија со 752 милијарди долари, Италија со извоз од 700 милијарди долари, Јужна Кореја со извоз од 683 милијарди долари, Белгија со извоз вреден 636 милијарди долари, хонг Конг со извоз од 611 милиони долари и Франција со извоз од 606 милијарди долари.
Овие 10 најголеми извозни земји оствариле 49,3% од вкупниот извоз минатата 2022 година.