Во периодот од јанаури до март годинава било извезено македонско вино во вредност од 13,8 милиони евра, што е за 6,6% помалку во споредба со истиот период лани.
Продадените количини на странските пазари, пак, во првите три месеци годинава изнесуваат околу 10 илјади литри и бележат пад од 14,5% во споредба со истиот период лани.
Најголем извоз на вино околу 3,5 илјади литри во првите три месеци годинава е остварен во Србија во вредност од близу 6 милиони евра. Втор најголем извозен пазар била Хрватска со извоз на вино во вредност од 2,2 милиони евра.
Следат Босна и Херцеговина со извоз на вино во вредност од 1,5 милиони евра, Германија со извоз од 1,2 милиони евра, Словенија со извоз вреден 632 илјади евра, Австрија со извоз од 541 илјади евра и Косово со извоз од 384 илјади евра.
Минатата 2024 година од Македонија било извезено вино во вредност од 58,7 милиони евра, раст од 1,3% во споредба со претходната 2023 година. Извезените количини на вино од земјава лани бележат пад од 25% во споредба со претходната 2023 година