Специјализираниот портал ИзвозМК, чиј издавач е компанијата Бизнис Аналитика, ја најавува новата четврта по ред годишна специјална едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2023.

Во новата и екслузивна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавено рангирање на 100-те најголеми извозни компании според вредноста на извозот, односно приходите од продажба на производи на странски пазари реализирани во 2022 година.

Војната во Украина, рекордното зголемување на цените на енергијата и многу суровини, прекини во синџирите на снабдување се само некои од настаните кои предизвикаа огромни проблеми во работењето на македонските компании, но и промени во ранг листата на најголемите извозници.

Фокусот на годинешната едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде ставен на ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА, процес кој носи големи промени и предизвици за извозните компании, но и за целата економија. Преминот кон одржливото и одговорно работење е тренд кој не може да се избегне и затоа во оваа едиција пишуваме за стратегиите за успешна зелена транзциија на компаниите, како и вештините и поддршката кои им се потребни на тој пат.

Годинава во рамки на едицијата за првпат објавуваме и посебен тематски прилог КОЈ Е КОЈ ВО ЛОГИСТИЧКИОТ И ТРАНСПОРТЕН БИЗНИС во Македонија посветен на клучните играчи на пазарот на транспортни, логистички и шпедитерски услуги. Во него ќе бидат рангирани водечките компаниите кои остваруваат најголеми приходи на пазарот за транспорт и логистика во Македонија.

Во едицијата ќе бидат вклучени и повеќе интервјуа со лидерите на најголемите извозни компании, финансиски и државни институции од земјава, колумни, како и детални секторски анализи на најголемите извозни индустрии како автомобилската индустрија, металската и металопреработувачката индустрија, прехранбената индустрија…

Повеќе информации за содржините во годинешната едиција можете да прочитате ТУКА.

БИДЕТЕ ВО ДРУШТВО СО НАЈДОБРИТЕ

Новата специјална годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ ќе биде објавена во октомври 2023 година во ексклузивно печатено издание во високо квалитетен печат и продукција.
Ова е четврто по ред издание на специјалната едиција Топ 100 Извозници од страна на порталот www.izvoz.mk кое се дистрибуира до сите најзначајни институции во земјава, до извозните компании, стопански комори, амбасади, банки и осигурителни компании …

Сите заинтересирани компании и субјекти имаат можност да ги промовираат и претстават подетално своите производи, услуги и вредности преку профил на компанијата, ПР објави или интервју во изданието, како и на платформата ИзвозМК.

Повеќе информации во врска со прилогот и за комерцијално претставување пред внимателно таргетираната читателска публика можете да добиете на e-mail: marketing@izvoz.mk и contact@izvoz.mk  или на телефонскиот број 070 401 162.