Во рамките на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“ поддржан од УСАИД, Стопанската комора на Р.С.Македонија овјави три нови повици за зголемување на конкурентноста и развивање на извозните капацитети на домашните компании.
Повик 1: Бесплатна поддршка во изработка на извозни стратегии/планови за извоз за освојување на нови пазари
Повик 2: Бесплатна поддршка за изработка на дигитални решенија и алатки на извозните компании.
Повик 3: Бесплатно имплементирање и коучинг за воведување на стандарди за квалитет и циркуларна економија.
Рокот за аплицирање на повиците трае до 12.11.2024 година. Компаниите кои сакаат да аплицираат на повиците треба да пополнат формулар кој може да се најде на линкот https://lnkd.in/eZTRX39G.