Со членството на Република Северна Македонија во НАТО – Алијансата и по усогласувањето на домашното Законодавство, домашните компании имаат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите-членки, чија вредност надминува 5 милијарди евра годишно.
Министерството за одбрана формираше Центар за поддршка на компаниите при учество на тендерите на Алијансата кој нуди целосна, сеопфатна поддршка за секоја домашна компанија која ќе пројави интерес.
Од Центарот ги повикуваат компаниите за се пријават за упис во евиденцијата на економски оператори, кои може да се регистрираат за учество на јавни набавки за потребите на НАТО и земјите – членки. Сè што треба да направат компаниите е електронски да поднесат Барање за упис во евиденција на економски оператори, на електронската ареса natonabavki@mod.gov.mk, или во архивата на Министерството за одбрана.
Доколку, пак, компаниите се веќе регистрирани и имаат интерес да учествуваат на НАТО јавна набавка, а за истото им е потребна Потврда за исполнетоста на условите за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, можат електронски да поднесат Барање за издавање на потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки за потребите на НАТО и нејзините земји-членки, на електронската адреса natonabavki@mod.gov.mk, или во архивата на Министерството за одбрана.
Огласите за јавните набавки на НАТО и земјитe членки можат да се следат на следните линкови:
–NATO SUPPORT AND PROCUREMENT AGENCY
–NATO COMMUNICATIONS AND INFORMATION AGENCY
Контакт лице од Центарот за поддршка на компаниите
Марин Димовски
marin.dimovski@mod.gov.mk
тел: 02/328 30 29
+38970403285
Повеќе информации на следниот линк