ПроKредит е една од најголемите банкарски групации поддржувачи на бизнисот на Балканот. Б2Б настанот, организиран во Сараево од ПроКредит Банка Босна е потврда на групациската определба да го поддржи развојот на регионалните бизниси и да поттикне зголемена соработка помеѓу компаниите во целиот регион.
На Б2Б настанот присуствувааа над 300 компании, претставници на прехранбена, металопреработувачка и дрвна индустрија од 12 земји. Беа присутни над 500 учесници меѓу кои и претставници на повеќе од 20 македонски компании кои ги презентираа своите производи и услуги пред потенцијални партнери од регионот.
Со креирање на оваа платформа, ПроКредит поттикнува унапредување на регионалната соработка и поврзување на бизнисот во регионот, но и овозможува платформа за размена на идеи, информации и иновации.