Руските железници лансираа супер брз товарен воз за прекуграничен транспорт на линијата од Западен Сибир кон северна Европа.
Првиот супербрз теретен воз натоварен со хемиски производи, поминал траса од 4.500 километри, од западно сибирската станица Копилово во регионот на Томск до железничката станица Хамина во Финска, за само 5,5 дена.

Претходно, потребни беа 11,5 дена за транспорт на товарот со железница на истата линија, објавија Руските железници (РZД).

Скратувањето на времето за транспорт беше овозможено и со посебен возен ред координиран со финските железници.
Како што се соопштува од Руските железници, композицијата на возот, која се состоела од 82 вагони, не морала да застанува за време на патувањето поради дополнителното ранжирање на вагоните, што исто така значително го намалува времето на испорака.

Извор: Танјуг