Шефот за трговија на Европската унија во средата предупреди користењето на трговијата како оружје по засилување на тензиите меѓу САД и Кина.
Комесарот за трговија на ЕУ, Валдис Домбровскис не верува дека трговскиот „протекционизам“ е одговор на засилените геополитички тензии, но инсистираше на тоа дека блокот е подготвен да се брани во новата трговска средина.
„Геополитичкиот пејзаж се менува, станува пофрагментиран, станува поконфликтен, гледаме користење на трговијата како оружје. Затоа, треба да се опремиме и како Европска унија за да функционираме во овој поконфликтен свет“, изјави Домбровскис за CNBC.
Неговите коментари дојдоа како одговор на изјавите дадени во вторникот на поранешниот претседател на Европската централна банка и поранешен италијански премиер Марио Драги, кој рече дека блокот мора да претрпи „радикална промена“ ако сака да остане конкурентен во услови кога Кина и САД одбиваат “да се игра според правилата“.
Тоа се случува во момент кога американскиот претседател Џо Бајден треба да ја повика американската трговска претставничка Кетрин Таи да ја зголеми тројно царинатa за увоз на челик и алуминиум од Кина додека се обидува да ја зајакне поддршката на синдикатот во предизборниот перидо.
Таквата мерка во суштина би ја спречила продажбата на кинески челик во САД и најверојатно ќе ја пренасочи кинеската стока на други глобални пазари.
Домбровскис рече дека предлозите ќе имаат јасно влијание врз ЕУ и истакна дека во моментов претставници се ангажирани во разговори со САД за нивните царини за Кина.
„Очигледно тоа ќе има пошироки реперкусии бидејќи е јасно дека пазарот на челик е глобално поврзан“, рече тој.
Повикот на Бајден ја означува најновата ескалација на тензиите меѓу двете најголеми светски економии поради загриженоста за кинескиот прекумерен капацитет.
Вашингтон и неговите сојузници ја обвинија Кина дека ги преплавува меѓународните пазари со евтини стоки и ги поткопува домашните компании – тврдењата што Пекинг жестоко ги негира.
Минатата недела, американската министерка за финансии Џенет Јелен рече дека не отфрла воведување на царини за увозот на зелена енергија од Кина, бидејќи земјата го зголемува производството на соларна енергија, електрични возила и литиум-јонски батерии.
Нејзините коментари брзо едноподруго ги следеше и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која рече дека Брисел мора да заземе тврд став за трговијата со Кина.
Сепак, Европа има деликатна рамнотежа да не го отуѓи еден од своите најголеми трговски партнери додека останува доследна на своите геополитички и економски сојузи преку Атлантикот.
„Ако е потребно, ЕУ ќе биде подготвена да застане за да ја брани нашата економија и нашите компании“, рече Домбровскис.