Трите најголеми банки во македонскиот банкарски систем, Стопанска банка, Комерцијална банка и НЛБ Банка, минатата 2021 година ја завршиле со рекорден профит од 114 милиони евра, покажуваат податоците од нивните финансиски извештаи објавени на Македонската берза. Ланскиот профит на ови три банки е зголемен за 25% во споредба со профитот од 91 милион евра кој го оствариле во претходната 2020 година.

Најголем профит оствари Стопанска банка Битола, кој надмина 40 милиони евра, или 2.465.956 илјади денари. Тоа е годишен раст од 24,5% во споредба со профитот остварен во пандемиската 2020 година. Ова е највисок досега профит на Стопанска банка Скопје, но и воопшто досега остварен од некоја банка во македонскиот банкарски систем.

Втор најголем профит минатата година остварила Комерцијална банка, кој надмина 37,5 милиони евра или 2.328.320 илјади денари, и е за 21,2% поголем во споредба со пандемиската 2020 година.

Третата по големина Банка, НЛБ Банка минатата 2021 година имала најолем раст на профитабилноста од дури 30,2% во споредба со профитот од . НЛБ Банка лани работела со вкупен профит од 36 милиони евра или 2.219.107 илјади денари.

Зголемените приходи од камати, зголемените приходи од надоместоци и провизии, како и намалените трошоци за резервации за лоши кредити се главните причини за рекордно високите приходи на трите најголеми банки.