Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки за прв пат по повеќе од четири години, за половина процентен поен во опсег помеѓу 4,75% и 5%, со цел за меко приземјување што ќе ја стави инфлацијата под контрола без да предизвика рецесија.
„Економијата на САД е во добра состојба“, рече претседателот на ФЕД Џером Пауел на прес-конференција по одлуката. „Расте со солидно темпо, инфлацијата се намалува, пазарот на трудот е со силно темпо — сакаме да го задржиме таму“.
„Нашиот трпелив пристап во изминатата година се исплатеше“, рече тој, истакнувајќи дека инфлацијата сега е многу поблиску до целта на ФЕД од 2%.
Пауел рече дека Банката на федерални резерви веројатно нема да се врати на речиси нула каматни стапки од раната ера на Ковид 19.
Со најновата одлука ФЕД ја намалува референтната каматна стапка од 23-годишниот максимум што го достигна во серија на нагли зголемувања на каматните стапки што започнаа во март 2022 година по глобалниот раст инфлацијата невиден со децении, делумно предизвикан од економските последици од пандемијата .