Цените на литиумот, металoт во срцето на глобалната промена кон електричните автомобили, за една година се зголемени за речиси 500% со побарувачка која ја надминува понудата, пишува Bloomberg.

Тоа може да го загрози преминот на автомобили на електрична енергија и напорите на светот да го намали глобалното затоплување.

поред Benchmark Mineral Intelligence, сегашните цени на литиум може да додадат до 1.000 долари на цената на новото возило. Ако на тоа се додадат повисоките цени на другите суровини, тоа го менува неколкугодишниот тренд на паѓање на цените на електрични возила и истите ќе ги направи понедостапни за потрошувачите во споредба со автомобилите на нафтени деривати.

Недостатокот на литиум е многу акутен во целиот свет, но и во Кина, која произведува околу 80% од литиум-јонските батерии во светот.

Ако производителите на батерии не можат да добијат доволно литиум, тоа ќе го спречи ширењето на возилата со чиста енергија, што ќе го отежне исполнувањето на целите за намалување на глобалните емисии.

Елон Маск во април годинава на Твитер објави : „Цената на литиумот отиде на луди нивоа! Тесла можеби ќе треба да се вклучи во рударството и рафинирањето директно, освен ако не се подобрат трошоците“.

Повеќе од половина од глобалните ресурси се наоѓаат во таканаречениот литиумски триаголник помеѓу Аргентина, Боливија и Чиле.

„Тесла може да изгради гигафабрика за околу две години, катодни постројки може да се изградат за помалку време, но може да потрае и до 10 години за да се изгради проект за гринфилд литиумскo производство”, изјави Маск.

Автомобилските компании кои почнаа да се вртат посилно кон производство на електрични автомобили разгледуваат повеќе опции како да ги намалат трошоците, но, повеќе од јасно е дека за одржлива електрична мобилност е потребен полесен и поевтин пристап до литиум.