Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на бензините и поевтинување на дизел горивата.
Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, се зголемуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 60 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 62 денари за литар.
Малопродажната цена на „еуродизел“ се намалува за половина денар и со тоа малопродажната цена од ноќеска на полноќ изнесува 52,50 денари за литар. Екстра-лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар за литар и од полноќ истото ќе се продава по 52 денари за литар. Мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 денари за килограм и од вечерва на полноќ ќе се продава за 25,709 денари за килограм.
“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,404% или за 13,400 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,411% или за 9,100 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 2,387 %
или за 8,750 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,361% или за околу 0,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 52,6843 ден/$ и е за околу 1,859 % понизок од курсот на доларот (53,6820 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика.