Бојан Станоевски: Професионалниот колегиум со децениско искуство, квалитетни услуги, е она што го прави cargo-partner единствен

ИНТЕРВЈУ

БОЈАН СТАНОЕВСКИ, управител на Карго-Партнер Логистикс

Cargo-partner работи во светот на логистиката речиси 40 години, а нашата канцеларија во Северна Македонија, Карго-Партнер Логистикс ДООЕЛ од февруари 2021 година делува како надополнување на постоечките центри за патен транспорт и логистика во Бугарија и Србија, потоа нови канцеларии во Грција, како и
логистички центри во Хрватска и Словенија.
Дополнително, интензивно го зајакнуваме нашето присуство во остатокот од Европа, како и на други континенти – Индија, САД, Кина и многу други земји. Со регионалните и глобалните позиции, доверливата и широко распространета мрежа на доверливи партнери, како и професионалниот колегиум со децениско искуство, квалитетни услуги, е она што го прави cargo-partner единствен, вели Бојан Станоевски, управител на Карго-Партнер Логистикс во интервјуто објавено во специјалната едиција Топ 100 Извозници.

Во изминативе неколку години се случија многу промени во глобалната економија и логистиката. Како ги следите сите промени на глобалниот пазар?

Станоевски: Се работи за исклучително динамична индустрија, најголемите промени во глобалната економија најбрзо се чувствуваат во логистиката. Затоа е многу поинтересно. Ако сакате да бидете успешни во логистиката, пред сè мора да бидете агилни, да бидете способни да се прилагодите и да барате нови можности – било да се тоа нови рути или нови услуги. И токму тука ја гледам нашата предност. Со почетокот на пандемијата започна период на голема неизвесност и постојани промени. Бидејќи имаме прилично рамна организација, успеавме брзо да се реорганизираме и да го промениме нашиот фокус. Како одговор на промените на пазарот и целокупната ситуација во светот, создадени се бројни нови транспортни решенија.

Предизвиците во патниот транспорт и недостигот на возачи со кои се соочуваме повторно и повторно ги инспирираа и т.н. краткоморски решенија за Европа – транспорт на стока со брод на кратки растојанија. Поморскиот транспорт не е секогаш наменет за далечни дестинации, всушност бродот може да биде идеално решение за бројни европски рути. Од југот на Европа, често на овој начин организираме транспорти до Шпанија, Португалија, Обединетото Кралство и Скандинавија. Поради големиот број регулативи и документација неопходни за патен транспорт, во одредени ситуации бродот може да биде единственото можно решение.

Можеби и најголемиот предизвик – Ковид и затворањето на најголемото пристаниште во светот, Шангај, не принудија да ги пренасочиме пратките до блиското пристаниште Нингбо, но и да развиеме голем број редовни решенија за чартер авионски транспорт. Ова е еден од многубројните примери каде нудиме соодветни решенија согласно промените на глобалните пазар и се адаптираме на истите со цел да излеземе во пресрет на потребите на нашите клиенти и соработници.

Примерите, а и праксата покажува дека не само што алтернативите се неопходни, туку тие можат и да се создадат. Предуслов за нивниот развој е силната глобална мрежа на наши канцеларии и партнери, кои ги развивме низ целиот свет во текот на децениите на деловното работење. Континуираната комуникација со сите наши соработници ни овозможува секогаш да бидеме чекор понапред, но и брзо да реагираме поради изненадувањата, а се со цел да понудиме решенија. Токму тука го гледам клучот за нашиот успех.

И покрај кажаното, логистичката индустрија сè уште е релативно отпорна, бидејќи проблемот не е да се најдат нови клиенти, туку да се зголемат капацитетите и да се оптимизира работењето.

Станоевски: Логистиката е двигател на економијата. Факт е дека без логистика нема трговија, нема размена на стоки, нема синџири на снабдување. Фирмите имаат потреба од логистички компании и шпедитери во моментот штом излезат надвор од локалниот пазар. Забележавме голем пад на логистичките активности на почетокот на пандемијата, кога светот речиси запре за кратко време. Сега, економската активност повторно е во пораст, нарачките се вратија на нивото пред корона вирусот и има голема побарувачка за логистички услуги. Можеби, дури и повеќе од порано, клиентите бараат модерни капацитети за складирање, покрај класичното складирање на стоки, тие често бараат дополнителни услуги – ние ги нарекуваме услуги со додадена вредност – како пакување, етикетирање, следење или обработка на нарачки, како и некои други специфичности.

Ќе го земам примерот со Словенија. Имено кога започна да се гради нашиот iLogistics Center Љубљана во 2019 година, колегите очекуваа дека ќе се пополни во рок од пет години. Ние всушност го наполнивме за една година, што ја покажува големата потреба од капацитет за складирање на овој простор, пред сè во овој регион. Како резултат на тоа, се започна со изградба на втората фаза од логистичкиот центар веќе оваа година, а ако се оди според планот, ќе се заврши во ноември, со капацитет од сегашните 25.000 м2 до вкупни 39.100 м2 .

Зголемената побарувачка за магацини е и резултат на фактот што сè повеќе компании одлучуваат да користат складишни услуги, а со тоа да го оптимизираат своето работење. Наместо да губат време и ресурси на сложени логистички процеси, тие претпочитаат да го препуштат овој дел на експерти и да ги насочат своите ресурси кон проширување на бизнисот.

Како корекцијата на цените на транспортните услуги поради поскапувањето на горивата и растот на другите трошоци влијаеше на вашиот бизнис, како реагираа клиентите?

Станоевски: За жал, не можеме да ги избегнеме последиците, но гледаме и иницијативи, бидејќи состојбата со енергенсите е директна причина за поскапување во сите области, вклучително и во транспортниот и логистичкиот сегмент. Мислам дека цел свет ги почувствува ефектите од инфлацијата што не погоди. Освен цената на горивата, раст на цените се појави и кај останатите суровини, токму затоа нашите клиенти се свесни дека има рационални причини за поскапувањето.

За cargо-partner, цената никогаш не била нашиот единствен фокус. Клиентите со кои работиме ни веруваат долги години, токму затоа што се покажавме како доверлив партнер, што е од особено значење во овие неизвесни времиња. Не само што сите наши колеги се трудат секогаш да понудат решение, туку и да го направат оптимално за даден бизнис модел. Друг или комбиниран начин на транспорт често може да се понуди во истиот опсег на цени.

Секогаш кога е можно, се трудиме да го одржиме нивото на цените стабилно, бидејќи го гледаме како долгорочна инвестиција. Свесни сме каков вид на стока може да си дозволи одреден вид транспорт и секогаш сме тука да предложиме оптимален сооднос на цена и време на транзит, а нашите корисници ни веруваат дека секогаш ќе се трудиме да го најдеме најдоброто решение за нив во даден момент.  Токму затоа преку секојдневната работа и соработката со нашите партнери и коминтенти, истите го препознаваат нашето мото – we take it personally.

Одржливоста е важен дел од нашата бизнис филозофија. Затоа и iLogistics Center Fischamend кој беше изграден во 2018 во близина на аеродромот во Виена е целосно од дрво. Ова резултираше со намалување на CO₂  од 8.400 t во споредба со конвенционалните градежни материјали.

Како дополнување, компанијата изгради голем логистички центар во Dunajska Streda, Словачка, кој е директно поврзан со железничката мрежа. Со тоа, нема потреба од организирање на  пратките со камионски транспорт, што би значело намалување од 127.193 кг на CO₂ во период од јануари-јули 2022 година.

Дали компанијата на глобално, а и на локално ниво тука во Северна Македонија мораше да го намали бројот на вработени во некои сектори поради вонредни услови и дали тоа се планира во случај оваа криза да трае подолго?

Станоевски: На почетокот на кризата морам да признаам дека ни ние не бевме свесни што не чека. Едноставно, ситуацијата се менуваше од ден на ден, а се во голема мера зависеше од светската економија и од одлуките на светските економски гиганти. Северна Македонија е мала земја, чија економија се потпира пред сè на увозот, а по затишјето кое траеше неколку месеци на почетокот, набрзо почна да се менува, иако имавме сосема спротивно сценарио. Клиентите продолжија да ја покажуваат својата доверба во нас, одлично се справивме со новите околности, најдовме добри и флексибилни решенија и истовремено отворивме нови работни места.

Нашата цел е да не ја изневериме довербата на нашите клиенти и да го задржиме квалитетот на услугите на исто, ако не и повисоко ниво во периодот кој следи. Комуникацијата со пазарот, но и со нашите колеги ни е многу важна, токму затоа cargo-partner континуирано инвестира во својот кадар и растеме, зголемувајќи ги оперативните сектори, за да продолжиме да ги исполнуваме сите барања на пазарот. Со гордост можам да кажам дека планираме да отвориме нови работни места во согласност со нашиот раст и развој и заедно, тимски ќе се бориме со новите предизвици на пазарот.

Светот глобално и покрај предизвиците набројани погоре, не може да го избегне и предизвикот со сајбер нападите, како се грижите за дигитализацијата и сајбер безбедноста во рамките на вашата компанија?


Станоевски: Дигитализацијата е од суштинско значење, а сајбер безбедноста станува се поважна тема насекаде. На глобално ниво, cargo-partner е целосно посветен на дигиталната трансформација со фокус на беспрекорен, клиент-центричен процес на синџирот на снабдување end to end и посебно внимание на системите и процесите за управување со транспорт и складиште.
Кога станува збор за сајбер безбедноста, ИТ компанијата во сопственост на cargo-partner, iLogistics IT Solutions GmbH е сертифициран со ISO 27001 (Информациска безбедност) и обезбедува целосен сет на мерки за сајбер заштита, вклучувајќи технички и организациски мерки како што се програми за зголемување на свеста на вработените.

Кои се плановите за понатамошен развој на cargo-partner глобално, како и на компанијата во Северна Македонија?

Станоевски: Визијата на нашата компанија отсекогаш се рефлектирала во идејата дека, следејќи ја нашата страст за иновации и градење експертиза во сите полиња, ќе станеме една од најдобрите светски логистички компании. Водени од оваа цел, нашите планови подразбираат континуирана работа и стремеж да создадеме вистински партнерски односи и дополнителна вредност што можеме да им ја пружиме на нашите клиенти.

cargo-partner работи во светот на логистиката речиси 40 години, а нашата канцеларија во Северна Македонија, Карго-Партнер Логистикс ДООЕЛ од февруари 2021 година делува како надополнување на постоечките центри за патен транспорт и логистика во Бугарија и Србија, потоа нови канцеларии во Грција, како и логистички центри во Хрватска и Словенија.

Дополнително, интензивно го зајакнуваме нашето присуство во остатокот од Европа, како и на други континенти – Индија, САД, Кина и многу други земји. Со регионалните и глобалните позиции, доверливата и широко распространета мрежа на доверливи партнери, како и професионалниот колегиум со децениско искуство, квалитетни услуги, е она што го прави cargo-partner единствен.