Министерот за здравство на Бугарија Кирил Ананиев донесе одлука со која се воведува 14-дневен задолжителен карантин за сите македонски граѓани кои влегуваат во Бугарија. Одлуката е донесена по препорака на главниот санитарен инспектор заради влошувањето на епидемичната слика во земјава каде се регистрира нагло зголемување на бројот на новозаразени од корона вирус.

Оваа одлука се носи само три дена откако Бугарија на 1 јуни ги отвори границите на граѓаните на повеќе земји, меѓу кои и за македонските граѓани.

Македонија е додадена на списокот на држави за кои Бугарија бара задолжителен 14 дневен карантин, а на кој се наоѓаат и Шведска, Велика Британија, Белгија, ирска, Португалија, Шпанија, Малта и Италија.

За граѓаните пак на Црна Гора и БиХ, Бугарија го укинува задолжителниот 14 дневен карантин кој важеше досега.