Narinder Nanu/Agence France-Presse — Getty Images

Индија, вториот по големина производител на пченица, го забрани извозот на пченица и одлуката на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи. Индиската влада соопшти дека ја прекинува продажбата на пченица во странство за да управува со безбедноста на храната и да ја намали цената на домашниот пазар.

Ова одлука од страна на Индија предизвика критики од министрите за земјоделство од групата Г7, кои изјавуја дека ваквите мерки ја влошуваат светската криза.

Испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена порано.

По индиската забрана за извоз, референтните фјучерси за пченицата се зголемија за дури 5,9% до 12,47 долари 1/2 за бушел во Чикаго, највисоко во последните два месеци.
Цените на пченицата се зголемија за околу 60% оваа година, зголемувајќи ги трошоците за сè, од леб до колачи и тестенини.

Индија не е толку голем извозник на пченица, односно е осми по големина во светот, но купувачите од целиот свет се свртеа кон Индија поради резервите на пченица, откако извозот на пченица од Украина беше прекинат заради војната.

Потегот на Индија уште еден потег во рамки на растечкиот бран на протекционизам во производството на храна. Имено, од почетокот на војната многу влади низ целиот свет воведоа забрани за извоз на храна во обид да обезбедат локални резерви во време на рекордно високи цени на храната.