Дванаесет македонски винарии учествуваат на најголемиот саем за вино во светот ProWein кој се одржува во германскиот град Дизелдорф од 15 до 17 мај 2022 година.
На националниот саемски штанд организиран со поддршка на Министерството за земјоделие своите вина ги изложуваат винариите Тиквеш, Стоби, Бовин, Далвина, Попов, Мовино, ГД Тиквеш, Пуклавец, Венец, Камник, Езимит и Имако.
“Овој саем е добра можност на нашите винарии да остварат повеќе трговски средби и да започнат нови меѓународни соработки. Нашата поддршка како министерство за промоција и афирмација на македонското вино преку вакви саемски излагања ќе продолжи и во иднина “, изјави Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кој присуствуваше на саемската манифестација.
Саемот ProWein годинава се одржува повторно во физичка форма по пауза од две години заради пандемијата на Ковид 19. На годинешната саемска манифестација учествуваат над 5.000 изложуваи од целиот свет
Изложбата ProWein се смета за еден од најпрестижните настани во винската индустрија каде компаниите можат да воспостават деловни односи со меѓународни партнери, да најдат нови увозници и идни партнери и да дознаат повеќе за современите технологии и услуги во индустријата.