Економиите во развој земаат се поголем удел во глобалната куповна моќ и традиционално најразвиените економии имаат се поголеми потешкотии да го следат темпото и да го задржат уделот.
Најголемата нација во светот Кина,се очекува да го задржи своето прво место како земја со најголема куповна моќ и е на добар пат да ја зголеми повеќе од двојно својата куповна моќ до 2060 година, според податоците на ОЕЦД.

До 2060 година се очекува Индија да се искачи третото на второто место и да ја зголеми својата куповна моќ повеќе од пет пати отколку во 2020 година.

Во случајот со Јапонија, се очекува да падне две места подолу и да биде земја со шеста најголема куповна моќ во светот до 2060 година. Германија се очекува да падне две места подолу и од петта да биде седма економија со најголема куповна моќ.

Економиите во развој Индонезија, Турција и Бразил се прогнозира до 2060 година да се искачат на четврто, петто и осмо место, а Бразил да ја надмине Русија, која би била деветта економија со најголема куповна моќ во светот.