Раст на наплатата на приходите за 65,5 милиони евра заклучно со август, забрзување на транспортот и олеснување на легалната трговија, како и подобрена безбедност на стоките што се внесуваат и изнесуваат од државата, преку подобрено менаџирање и имплементација на ИКТ системи усогласени со оние во Европската Унија, но и редовен дијалог со бизнис заедницата. Ова е новиот систем на Царинската управа, систем што создава повисоки приходи, што обезбедува повеќе средства за државата, што гради фер економија, ја зголемува конкурентноста на македонската економија и овозможува забрзана интеграција во единствениот пазар на Европската Унија“, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на овогодинешната традиционална средба со транспортери во организација на Макам-транс.

Една од клучните иницијативи што доведоа до забрзување на царинските постапки е усогласување на смените на Агенцијата за храна и ветеринарство со оние на Царинската управа, а коишто беа воведени на иницијатива на директорот на Царинска управа, Николовски. Во овој дел, како што истакна директорот од големо значење е и зајакнатата соработка со Министерството за транспорт што резултира со забрзана имплементација на клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои нов национален едношалтерски систем, како еден од позначајните.

Изминатата година беше клучна за повторно зајакнување и стабилизирање на темелите врз кои почива македонската економија. Зголемените контроли, поголемата професионалност на службите и унапредената соработка резултираше со историска наплата на приходи. Тоа значи повеќе пари во Буџетот за капитални инвестиции, за патна и железничка инфраструктура. Посветено работевме и на модернизацијата на процесите. Унапредувањето на менаџирањето и целосната имплементација на ИКТ системи усогласени со оние во ЕУ овозможија забрзување на царинските постапки и олеснување на легалната трговија. Од јануари го ставивме во целосна функција Новиот компјутеризиран транзитен систем – фаза 5, кој го унапредува контролниот механизам, ја подигнува безбедноста и ги забрзува процедурите, a веќе работиме и на имплементација на фаза 6“, нагласи директорот.