Кинеската економија порасна за 0,4% во вториот квартал година во однос на истиот период лани. Во однос на претходниот квартал, кинеската економија бележи пад од 2,6%, што укажува на остро забавување како последица пред се на строгата нулта Ковид политика на Кина и карантините кои беа спроведени заради растечкиот број на заразени со корона вирусот во земјата.
Ова е прв квартален пад на кинеската економија од првиот квартал на 2020 година, кога економијата на Кина беше речиси стопирана од првичните избувнувања на Ковид 19. Тогаш бруто домашниот производ на Кина се намали за 10,3% во споредба со претходниот квартал.
Податоциуте за намалената економска активност во вториот квартал ја доведуваат во прашање достижноста на официјалната цел за економски раст на Кина од околу 5,5% оваа година.
Во првата половина годинаба, кинескиот БДП бележи раст за 2,5 % во однос на истиот период претходната година.