Производството на домати во ЕУ ќе се намали за 3% во 2022 година на 6,2 милиони тони
Според последниот извештај на Европската комисија за краткорочните перспективи на земјоделските пазари во 2022 година, производството на свежи домати ќе се намали, додека увозот ќе се зголеми.
Според неодамна објавениот документ, производството на свеж домат во ЕУ ќе опадне за 3% во 2022 година во однос на претходната година, на вкупно 6,2 милиони тони, задржувајќи го трендот на намалување од последните години. Споредено со просекот од последните пет години, производството во 2022 година ќе се намали за 5%.
Производството ќе опадне главно поради тоа што се очекува да се намали производството во оранжерии поради високата цена на енергијата, но и поради тоа што има преминување кон засадени сорти на чери домати, според Европската комисија.
Годишната потрошувачка на свежи домати во ЕУ ќе се намали за 2% во текот на 2021 година. Потрошувачката по глава на жител ќе изнесува 14,6 килограми по лице годишно.
Во извештајот се наведува дека заедно со намалувањето на производството и потрошувачката, има и намалување на извозот на свежи домати на ЕУ поради Брегзит и постепеното губење на пазарот во Обединетото Кралство, кој сочинуваше 75% од извозот на домати на ЕУ во 2021 година. Губењето на пазарот се должи, како што самата Комисија признава, на зголемената конкуренција од увезените домати од Мароко.
Годинава увозот на свеж домат во ЕУ ќе порасне за 3% во текот на 2021 година, со вкупно 730.000 тони, 23% повеќе од просекот во последните пет години.
Во 2021 година, 67% од увозот на свежи домати од ЕУ доаѓал од Мароко, по што следи Турција, која го зголеми своето учество на пазарот на ЕУ (25% во 2021 година/ +5% во споредба со 2020 година).
Извор: Tridge