Вредноста на увозот на јаболка на меѓународно ниво во 2021 година изнесувала 8,46 милијарди американски долари и бележи зголемување од 7% во споредба со увозот во 2020 година вреден 7,98 милијарди долари.
Топ 5 најголеми увозници на свежи јаболка (шифра 080810) во 2021 година мерено според вредноста се Германија, Русија, Виетнам, Обединетото Кралство и Индија. Збирно, оваа група на земји купиле повеќе од една четвртина (27,5%) од сите увезени јаболка во текот на 2021 година.
Земјите во Азија потрошиле најмногу пари за увезени јаболка во текот на 2021 година со набавки во вредност од 3,7 милијарди долари или 43,8% од вкупниот глобален износ. На второ место паднаа европските увозници со 36,7%, додека 6,6% од јаболката увезени ширум светот беа испорачани на купувачите во Африка. Уште 6,6% во вредност пристигнаа во Северна Америка.
Гледано по земји, најголем увозник на јаболка во светот е Германија, со увоз минатата година од 611,3 милиони долари или 7,2% од вкупниот увоз.
Втор најголем увозник на свежи јаболка, каде лани биле увезени јаболка во вредност од 477 милиони долари или 5,6% од вкупниот увоз на јаболка.
Најголем раст на увозот има на свежи јаболка Виетнам (раст за 219,2%), Индија (раст од 87,5%), Тајван (22%), Холандија (19,8%).
Кои се најголеми извозници на јаболка во Германија?
Во Германија минатата 2021 година биле увезени јаболка во вредност од 611,3 милиони долари.
Во прилог е Топ 15 добавувачи од кои Германија увезла јаболка со најголема вредност во долари во текот на 2021 година и процентуалната промена во вредноста за секоја земја снабдувач оза приодот 2020 до 2021 година.
Најбрзо растечките добавувачи на јаболка во Германија од 2020 година се: Турција (раст за 129,1%), Унгарија (раст за 90,3%), Полска (раст 31,5%) и Јужна Африка (раст за 28,5%).
Земјите кои имале најголем пад на вредноста на извозот на јаболка на германскиот пазар се: Чешка (-63,3%), Нов Зеланд ( -31,1%), Аргентина (-30,5%) и Белгија (-24,5%).
Севкупно, вредноста на увезените јаболка во Германија паднала во просек за -7,2% во 2021 година во споредба со 2020 година.
Кои се најголеми извозници на јаболка во Русија?
Вкупниот увоз на јаболка во Русија изнесувал вкупно 477,4 милиони американски долари во 2021 година. Подолу се прикажани топ 15 добавувачи од кои Руската Федерација увезла јаболка со најголема вредност во долари во текот на 2021 година и процентуалната промена во вредноста за секоја земја снабдувач од 2020 година до 2021 година.
Според податоците, Македонија минатата година била осма по големина извозник на јаболка на рускиот пазар со извоз вреден 14 милиони долари, кој бележи пад од 29,7% во споредба со преходната 2020 година. Според податоците, речиси 60% од вкупниот извоз на јаболка од земјава лани бил насочен кон Русија.
Македонија лани извезла свежи јаболка во вредност од 24,9 милиони долари (-15,6%) и била 28 по големина извозник во светот и трет најголем во регионот, после Србија (+1%) и Грција (45,4 милиони долари)
Србија минатата година имала извоз на јаболка во вредност од 127 милиони долари и била 12-ти најголем извозник на јаболка во светот и најголем во регионот