“Резултатите од анализата на автомобилската индустрија во Европа покажаа дека сите производители во ЕУ на период од минимум 6 недели ќе бидат затворени за работа, што ќе се рефлектира и на нашите фабрики кои ќе мора да стават клуч, а враќањето назад ќе предизвика намалување на очекуваните планови за 10%”, вели Виктор Мизо, генерален менаџер на „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“ и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство при Стопанската комора на Македонија
Според Мизо, На ниво на автомобилска индустрија се очекува намалување на производството за 26-30% поради намален интерес за купување на нови возила и случувањата на капиталните пазари, особено падот на акциите како основен извор за финансирање на компаниите во Европа, а ваквиот тренд може да потрае и во наредните 18 до 24 месеци.
“Ние не би сакале да ги отпуштаме вработените и овој период би го искористиле за обука на вработените и подобрување на перформансите како би го пребродиле овој период”, додава Мизо.