Настапите на меѓународни саеми им овозможува на изложувачите да ги претстават своите производи пред нови потенцијални купувачи, да стекнат нови контакти, да бидат во тек со најновите трендови во индустријата и да ги зголемат своите продажби на нови пазари.
За компаниите од прехранбената индустрија има неколку саеми во светот кои се многу важни и на кои морате да присуствувате ако сакате да најдете нови партнери и пазари зголемување на продажбите во странство, за стекнување на нови контакти или да видите кои се светските трендови и иновации во индустријата во која работите.
Во продолжение кратки информации за најважните саеми за прехранбената индустрија.
1ISM Cologne, Келн Германија 2 до 5 фебруари 2020
ISM Cologne e водечки саем во за кондиторски производи и закуски кој нуди можности за нови контакти и зделки, за информации за новите трендови во индустријата, за наоѓање на нови пазари и зголемување на продажбите.
На настанот изложуваат над 1.700 изложувачи од 75 земји и има огромна и иновативна понуда. За оние компании кои сакаат да најдат нови купувачи ова е местото на кое мора да бидат бидејќи на саемот се присутни сите најголеми трговски ланци, како Ahold, Aldi, Carrefour, Costco, Edeca, El Corte Ingles, Kroger, Metro, Target, Tesco, Walmart, Walgreens и уште многу други.
Саемот го посетуваат над 38 илјади посетители од 140 земји, од кои над 73% се на одлучувачки позиции, а над 40% се од трговиајата на големо.
На саемот ISM во 2020, кога се слави јубилеј 50 години од неговото постоење, фокусот ќе биде ставен на чоколадните и кондиторските производи, фините пекарски производи, сладоледи…
На веб страницата на саемот ISM Cologne www.ism-cologne.com можете да се информирате за сите информации како да изложувате или само да го посетите саемот.
2ANUGA, Келн, Германија 9 до 13 октомври 2021
ANUGA е водечки и најзначаен светски саем за храна и пијалоци за трговија на мало и услуги за храна и угостителство, што се одржува на секои две години во Келн, Германија.
Со над 7.500 изложувачи и над 170.000 посетители Anuga e број еден настан за индустријата за храна и пијалоци, кој им дава можност на компаниите да се запознаат со најновите производи и технологии, да пронајдат нови деловни можности, да запознаат нови добавувачи за европскиот и за другите странски пазари, да ја согледаат својата позиција во однос на конкуренцијата.
Во рамки на Anuga има 10 одделни саеми за различни сегменти.
На интернет страницата на саемот Anuga https://www.anuga.com/ можете да најдете повеќе информации за тоа како да изложите своите производи или само да го посетите овој важен саем.
3PLMA, Амстердам , Холандија 26 до 27 мај 2020
Трговците на мало од целиот свет ќе добијат можност да остварат нови контакти, да најдат нови производи и да разменуваат идеи со колегите на годишниот саем PLMA или „Светот на приватните марки “ кој ќе се одржува на 26 и 27 мај во Амстердам, Холандија во изложбениот центар РАИ во Амстердам.
На саемот учествуваат над 2.700 компании кои ги изложуваат своите производи од прехранбени производи, производи за домачинство, авто делови, козметички производи.
Имајќи во предвид дека приватните марки имаат највисоко досега учество на пазарот кое контиуирано расте, овој саем е одлична можност за нови контакт и презентирање на вашите производи.
На интернет страницата на саемот https://www.plmainternational.com/ можете да најдете повеќе информации за тоа како да изложите своите производи или само да го посетите овој важен саем.
4SIAL, Париз, Франција 18 до 20 октомври 2020
Меѓународниот саем SIAL се одржува секои две години и како и секогаш е една од најдобрите платформи за трендовите во прехранбената индустрија и иновациите во овој сектор.
Станува збор за настан кој го посетуваат над 155 илјади посетители и на кој има над 7.500 изложувачи од 109 земји. Саемот е поделен во неколку сегменти во кои изложувачите ги изложуваат производи од областа на гурманска храна и специјалитети, вина и пијалоци, суплементи, опрема…
SIAL, кој има 50 годишна историја, претставува одлична можност за секој кој е дел од прерханбената индустрија да склучи нови договори, да запознае потенцијални нови партнери и дистрибутери.
На интернет страницата на саемот https://www.sialparis.mobi/ можете да најдете повеќе информации за тоа како да изложите своите производи или само да го посетите овој важен саем.
5GULFFOOD, Дубаи 16 до 18 февруари 2020
Gulfood не е само најголемиот саем за храна на Блискиот Исток, туку исто така е и еден од клучните деловни центри за индустријата на глобално ниво. Саемот се одржува во Дубаи и на него има над 5.000 излагачи од 120 земји и повеќе од 85.000 посетители од 170 земји. Настанот се смета за стратешка точка за влез во овој брзорастечки пазар, бидејќи спривлекува големи меѓународни компании овозможувајќи уникатни деловни можности.
Секое издание на Gulffood e придружено со низа конференции, на кои се откриваат најновите предизвици и трендови во секторот. Уникатен настан за време на Gulfood е изложбата Халал Светска храна, во рамки на кој се изложени илјадници халал производи: од енергетски пијалоци, преку вегетаријански производи до гурманска храна.
Од 16 до 18 февруари 2020 година во Dubai World Center ќе се одржи јубилејното 25-то по ред издание на овој важен саем и предвидени се многу иновативни и интересни содржини и случувања, а за повеќе детали можете да ја посетите следнава страница https://www.gulfood.com/.
6World Food Moscow, Русија 22 до 25 септември 2020
World Food Moscow е водечки меѓународен саем за трговија со храна во Русија. Дефинитивно е местото каде што треба да биде секој што да го истражи рускиот пазар на храна. Саемот во Москва го посетуваат околу 1.700 изложувачи од 72 земји и над 30.000 посетители, меѓу кои трговци на големо, производители, трговци на мало, од 99 земји во светот. Присутни се брендови од целиот свет кои изложуваат свеж зеленчук и овошје, млечни производи, месо, пијалоци, смрзната храна, морска храна, кафе,органска храна…
Во рамки на саемот се одржуваат и неколку конференции на кои можат да се слушнат прозгноци за новите трендовии развојот во индустријата.
Повеќе информации за саемот World Food Moscow може да најдете на следнава интернет страница http://www.world-food.ru/Home.
7The Summer Fancy Food Show, Њујорк, САД 28 do 30 јуни 2020
The Summer Fancy Food Show е најголемиот настан за специјализирана индустрија за храна во Северна Америка и место каде можат да се видат најновите иновации во индустријата преку многубројни возбудливи настани и програми.
Заради ваквиот иновативен пристапhe Summer Fancy Food Show важи за место каде може да се види и вкуси иднината на храната. Но, заради големиот број на гости кои се на одлучувачки позиции во своите компании, ова е настан на кои можете да склучите многу нови бизнис контакти со потенцијални клиенти или дистрибутери за полесен влезна американскиот пазар.
Во 2020 година ќе се одржи 66-тиот по ред саем во The Javits Center во Њујорк од 28 до 30 јуни 2020 година.
Повеќе информации за овој саем можете да најдете на следниов линк интернет страницата https://www.specialtyfood.com/ .