Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството во преработувачката индустрија има недоволната странска побарувачка со 21.5 %, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика подготвени според оценките на  раководителите на компаниите од овој сектор.
Втор најсилен ограничувачки фактор е неизвесното економско опкружување со 16.6 %.
Ако во јануари годинава  недостигот на квалификувана работна сила беше најголем ограничувачки фактор за поголемо производство со учество од 25,6%, во јули е трет најограничувачки фактор со учество од 15,9%.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2020 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на јуни 2020 година и изнесува 12.3, а во однос на јули 2019 година е намален за 8.9 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2020, во однос на јуни 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јули 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2020 година изнесува 66.2 % од нормалното искористување, што е за 4,7 процентни поетни помалку во споредба со јули 2019 година.