Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,98 %, односно од еден до 1,5 денар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар по литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 денари за литар.
 Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар за литар.
С
о најновото поскапување малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,5 денари за литар, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе изнесува 51 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 40 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари за килограм и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 24,886 денари за килограм.

“Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,254% или за 26,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 6,666% или за 20,450 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 7,820% или за 23,100 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,479% или за околу 8,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,5490 ден/$ и е за околу 1,206 % понизок од курсот на доларот (55,2147 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка”, велат од Регулаторната комисија за енергетика.